Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОТЕСТ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ: „Белите дробови ни се црни“

ПРОТЕСТ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ: „Белите дробови ни се црни“

Скопјани денеска во градскиот парк пред бараките на градоначалникот Коце Трајановски протестираа и побараа од политичарите итно решавање на проблемот со загадениот воздух.

Протестантите го искажаа револтот против загадувањето бидејќи како што рекоа никаков одговор и конкретна акција од соодветните институции за справување и конечно решавање на проблемите.

„Луѓето не се грижат за животната средина. Големите компании се најлоши, тие имаат пари да кажат дека се зелени, а ние секојдневно се задушуваме. Мораме постојано да си го бараме правото на чист воздух, но и да делуваме“, рекоа дел од нив.

Дајте ни го човековото право на чист воздух, за живот се работи, не сакаме да се разболиме од рак, не сакаме да умреме од загаден воздух, велат граѓаните изреволтирани од пасивноста на институциите кои се надлежни да го решат проблемот со загадувањето.

Присутните побараа од партиите проблемот со загаденоста да биде дел од нивните изборни кампањи. Од сограѓаните, пак, побараа поголема масовност на следниот протест. 

ФОТО: Радио моф

Слично

Поврзани вести