Протече аудио снимка од Прилепска болница - Партијата не вработи зошто сме неспособни
Порталот Публикум објави протечена аудио снимка за која тврдат дека е од директорот на општата болница „Борка Талески“ во Прилеп и воедно координатор на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој на вработените им вели дека сите се неспособни и затоа барале партијата да им обезбеди рабтно место.
Доколку биле способни во медицината ќе си нашле работа во приватното здравство, но вака мора да ја почитуваат партијата која ги вработила и да не „прават проблеми“ на изборите.
Се смета дека токму овој говор е директен притисок врз лекарите и медицинскиот персонал да гласаат за владејачката партија бидејќи на неа и должат тоа што имаат работа во болницата.
Публикум посочи дека снимката ќе ја достават до надлежните органи кои треба да поведат соодветна истрага.
