Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Протагон“: Договорот меѓу Македонија и Бугарија ја истакнува грчката изолираност

„Протагон“: Договорот меѓу Македонија и Бугарија ја истакнува грчката изолираност

Премиерите на Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов минатата недела во Скопје потпишаа Договор за добрососедство и пријателство „кој изгледа менува многу на Балканот и во исто време ја истакнува грчката изолираност“, пишува грчкиот портал „Протагон“.

„Бугарија навистина е првата земја што ја призна ПЈРМ како ‘Македонија’ во 1992 година, но никогаш не го призна постоењето на ‘македонска нација’ и ‘македонски јазик’. Но, овој договор е потпишан, како што јавија медиумите и во двете земји ‘на македонски’ јазик, во согласност со Уставот на ‘Македонија’ и на бугарски, според Уставот на Бугарија“-  наведува „Протагон“.

Повикувајќи се на експерти од регионот, порталот пишува дека овој чекор може да се смета за неутрален став на Бугарија, која е членка на ЕУ и НАТО, за прашањето за името. 

Порталот коментира дека „се чини оти во овие околности во регионот се создава нова ситуација во која Грција уште еднаш е спореден играч и набљудувач на случувањата“.

Економисти со долгогодишно искуство на работа во двете земји, коментираат дека Бугарија во суштина неофицијално „ја присоединува“ Македонија, преку динамична економска и дипломатска експанзија.

„Бугарската економија е во силен пораст, до степен во кој бара работна сила и персонал за динамични сектори како што се компјутерските и сродни услуги. Јазикот, кој во суштина е заеднички, го олеснува проширување кон соседно Скопје, каде во исто време новата Влада бара поддршка од Софија за нејзините евро-атлантски аспирации, кои исто така ги поддржува и американската администрација“- пишува „Протагон“.

„Протагон“ пишува дека Договорот обезбедува бугарска поддршка за евроатлантските аспирациите на Македонија, билатерална и мултилатерална соработка, подобрување на транспортни врски и комуникација, поедноставување на царинските и граничните процедури, распределба на средствата за регионална и прекугранична инфраструктура и олеснување на контактите меѓу граѓаните на двете земји. 

Слично

Поврзани вести