Економија, финансии, бизнис

Контакт

Просветниот инспектор Илиевски обвинува за одмазда, вели Заев ги штити функционерите на ДУИ

Просветниот инспектор Илиевски обвинува за одмазда, вели Заев ги штити функционерите  на ДУИ

Просветниот инспектор Ѓорги Илиевски добил решение со кое се пресраспоредува на друго работно место.

Тој е на новото работно место како советник-државен просветен инспектор за инспекциски надзор и оценување на квалитетот во воспитно-образовни институции во Скопски плански регион. Илиевски повеќе не е виш инспектор за високо образование, откако комисија за водење дисциплинска постапка за дисциплински престап во Државниот просветен инспекторат предложи, а директорот Томе Спировски донесе решение за распоредување и определување плата на државен службеник. 

Илиевски кој откри дека тројца функционери на ДУИ, министерот за образование Арбр Адеми, заменикот министер за внатрешни Агим Нухиу и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост Сафет Емрули, против законски се стекнале со повисоки наставно – научни звања, утрово добил решение со кое се пресраспоредува на друго работно место.

Тој обвинува дека се работи за одмазда и дека наместо надлежните институции да постапат по неговите наоѓања тие се пресметуваат со него. Го обвини и премиерот Зоран Заев дека ги штити функционерите.

Слично

Поврзани вести