Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОСТОРОТ ОКОЛУ СОБРАНИЕТО ЌЕ БИДЕ БЕЗБЕДНА ЗОНА: Дали е ова крај за протести на таа локација?

ПРОСТОРОТ ОКОЛУ СОБРАНИЕТО ЌЕ БИДЕ БЕЗБЕДНА ЗОНА:  Дали е ова крај за протести на таа локација?

Пратенички групи во Собранието се согласија просторот околу Собранието да го прогласат со закон за безбедносна зона со што ефективно ќе треба да бидат забранети протестите пред законодавниот дом. И ќе биде забрането да се гради околу него, што значи дека ќе отпадне и катната гаража на приватниот инвеститор што требаше да биде залепена околу зградата.

Во Собранието денескa пристигна предлог-закон за прогласување на просторот за безбедносна зона, поднесен по скратена постапка од седум пратеници. На тој предлог се потпишани Африм Гаши, Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Борислав Крмов, Блерим Беџети, Весна Бендевска и Блерим Ќоку.

Законот, кој веќе влезе во втората фаза на читање, предвидува сериозни ограничувања во периметарот околу законодавниот дом, вклучувајќи и забрана за протести, јавни собири и летови со дронови, како и градежни активности и поставување инфраструктура во дефинираниот безбедносен простор.

foto Wikipedia/Juan Antonio F. Segal

Слично

Поврзани вести