Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПРОСТО НЕ МОЖАМ ДА ВЕРУВАМ“: Професорот Дескоски со реакција за објавата на ОЈО ГОКК дека води предистражна постапка за шпиунажата во кабинетот на Давкова

„ПРОСТО НЕ МОЖАМ ДА ВЕРУВАМ“: Професорот Дескоски со реакција за објавата на ОЈО ГОКК дека води предистражна постапка за шпиунажата во кабинетот на Давкова

Професорот Тони Дескоски денеска ја истакна својата загриженост во врска со објавите дека Обвинителството за гонење организиран криминал (ОЈО ГОК) води предистражна постапка за случај на шпионажа во кабинетот на Претседателката.

„Просто не можам да верувам во веста што е пренесена преку медиумите и интернет порталите. Обвинителството потврдило дека води предистражна постапка, која според Законот за кривична постапка е тајна“, истакна Дескоски во својот Фејсбук статус.

Тој додаде дека ова е ноторен факт познат на секој студент по право: „Има нешто многу труло во ОЈО ГОК! Сега тоа стана очигледно. Работата многу заличува на СЈО.“

Дескоски исто така упати критика до раководството на Обвинителството: „Еве му нова суперприоритетна задача на Обвинителот Савески! Овој скандал мора да се расчисти!“


Слично

Поврзани вести