Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПРОСТИ НИ СИНЕ, НЕ МОЖЕВМЕ ДА ТЕ СОЧУВАМЕ“: Голема тага за Македонија, почина младиот Бошко

„ПРОСТИ НИ СИНЕ, НЕ МОЖЕВМЕ ДА ТЕ СОЧУВАМЕ“: Голема тага за Македонија, почина младиот Бошко

Почина 19 годишниот Бошко Јанкулов, за кој цела Македонија собираше пари во надеж дека ова младо момче ќе успее да се спаси од опаката болест.

Боледуваше од малиген канцер на коски, карлица и бели дробови, но за жал не успеа да се спаси. Се лекуваше и во Турција.

Жалната вест за неговата смрт ја објави неговата мајка, која со потресна порака се прости од своето чедо.

„Единец на мајка. Звездо наша нај сјајна, душа чиста како анѓел,срце пречисто како солза радосница, светлино наша ни ги исполни животите со спомени што за навек ќе се паметат. Дете полно разбирање,емпатија, простување, без осуди кон никого. Иако се чувстуваше тажно и неприфатено од околината сепак на крајот се запрепасти во тешките твои битки колки си сакан и почитуван и подржуван . Биди спокоен чедо наше таму каде што одиш нема болки, нема патење само мир вечен . Вечен спокој на душата твоја , те чека бога со раширени прегратки. Прости ни сине не можевме да те сочуваме! Биди анѓел на небото исто како што беше на земјата. ВЕЧНА ТИ СЛАВА ЈУНАК НАШ,НАРОДЕН ХЕРОЈУ. ДО СЛЕДНО ВИДУВАЊЕ. МАМА ТЕ САКА БЕСКОНЕЧНО“, напиша таа на социјалните мрежи.



И д-р Ненад Лазаров кој за Бошко собираше пари преку Ecrowd.

„Со жалење ја примивме веста дека нашиот штитеник Бошко починал.

Сочувство до семејството и пријателите на овој борец кој не се откажа и даде се од себе до последните моменти!

На сите вас кои дониравте вечна благодарност што успеавме да не му ја скратиме и најмалата шанса и надеж. Тежок ден.

Нека ти е светол патот дете, научивме многу од тебе и твојата храброст!“, напиша тој.



Погребот на Бошко, како што информираше неговата мајка, ќе биде утре - среда. Посмртните останки ќе бидат изложени во камелата во Кавадарци од 12 до 13 часот.








Слично

Поврзани вести