„ПРОСТИ НИ ГОСПОДИ ЗОШТО СЕ ПРАВЕВМЕ ГЛУВИ И СЛЕПИ, А ЖИВЕЕВМЕ ТУКА И ГЛЕДАВМЕ И СЛУШАВМЕ...“ - тажна песна на новинарот Никола Стојанов за родното Кочани
Страотната случка во Кочани ѝ донесе болка на цела држава, од која земјава тешко дека долг период во догледна иднина ќе може да закрепне.
Сите на свој начин го искажуваат очајот и гневот од она што ни се случи, и како дозволивме да изгубиме 59 млади животи.
Познатиот новинар, но и човек кој е роден и живее во Кочани, Никола Стојанов, напиша песна за оваа траорна случка која ја доживеа неговиот роден град.
„Од најубавиот град пустина направија...
Инспектори, чиновници и функционери со легитимации, овластувања и плати државни
За ситни евра гладни и гратис пијачки страдни
Цената за нивниот грев во оган ја платија деца невини, деца златни
Прости ни Господи зашто се правевме глуви и слепи, а живееме тука и гледавме и слушавме Деко што прави
Затоа сега наместо здраво си кажуваме „Бог да ги прости“
„Пулс“ е олицетворение на системот во секоја пора
И ќе биде нашиот доживотен срам!“, пишува на фејсбук Никола Стојанов.
