Економија, финансии, бизнис

Контакт

Проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан блокирано

Проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан блокирано

Заклучоците на министрите на ЕУ за проширувањето на земјите од Западен Балкан се блокирани и речиси е сосема извесно дека нема да бидат усвоени, пред се поради неможноста да се постигне договор за Македонија и Албанија, обелоденува Танјуг од извори од Брисел.

Истовремено, најавено е дека прашањето за проширување нема да се најде ниту на агендата на состанокот на лидерите на ЕУ 27 кој на самитот во Брисел се најавени за 10 и 11 декември.

„Не е невозможно прашањето за проширување да не биде поставено, но агендата е веќе полна“, посочуваат во Брисел.

Инаку, од Советот на ЕУ за Танјуг информираат дека останале само неколку часа за евентуален договор, а министрите за општи работи на агендата на утрешниот состанок, прашањето за проширувањето го ставиле под точка „разно“.

Германското претседателство со Советот на ЕУ вели дека се фрустрирани од неможноста за напредок по прашањето на рамката за преговори за Северна Македонија, што, барем засега, го блокира процесот на донесување заклучоци за сите земји од процесот на проширување.

„Направивме сè што е можно за да постигнеме компромис, но досега тоа е невозможно. Незадоволни сме од фактот дека Бугарија ги блокира разговорите за пристап поради билатерални историски прашања кои не припаѓаат на контекстот за проширување“, вели висок дипломат на ЕУ.

Тој наведува дека поради блокадата на преговарачката рамка за Северна Македонија, блокирана е и Албанија.


Слично

Поврзани вести