Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОШИРЕН БРОЈОТ НА ОБВИНИТЕЛИ КОИ РАБОТАТ НА ИСТРАГАТА ЗА НЕСРЕЌАТА ВО КОЧАНИ: Ќе се чешлаат серверите на компјутер во министерство за економија и графолошки ќе се вештачат потписи

ПРОШИРЕН БРОЈОТ НА ОБВИНИТЕЛИ КОИ РАБОТАТ НА ИСТРАГАТА ЗА НЕСРЕЌАТА ВО КОЧАНИ: Ќе се чешлаат серверите на компјутер во министерство за економија и графолошки ќе се вештачат потписи

Обвинителскиот тим кој работи на истрагата за утврдување на причините за катастрофата во Кочани од утрово е проширен и во моментов го сочинуваат.

  • 2 јавни обвинители од ОЈО Кочани
  • 2 јавни обвинители од ОЈО Штип
  • 5 јавни обвинители од ОЈО Скопје
Синоќа се издадени повеќе дополнителни наредби, вклучително наредба за пребарување на серверите и на уште еден компјутер во Министерството за економија, како и наредба за графолошко вештачење на потписи на одредена документација. Увидот на лице место денеска продолжува, информираат од Обвинителството.



Слично

Поврзани вести