Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО МАКЕДОНИЈА НАДМИНУВА 45 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - на годишна основа порасна, но споредено со претходниот месец е намалена

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО МАКЕДОНИЈА НАДМИНУВА 45 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - на годишна основа порасна, но споредено со претходниот месец е намалена

Нов раст на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава регистрираше Државниот завод за статистика. 

Според нивните податоци, во јуни просечната плата изнесувала 45.468 денари и е повисока за 8,4 проценти во споредба со истиот месец минатата година. 

Сепак, споредено со месец мај 2025 година, се бележи намалување на просечната плата, бидејќи во мај 2025 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 45.796 денари

Според ДЗС зголемувањето на просечната плата споредено со лани се должи, на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 14,7 проценти, Дејности на здравствена  и социјална заштита за 12,7  проценти и Рударство и вадење камен за 12,2 проценти.

- Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 7,5 проценти, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 4,3 проценти и Транспорт и складирање за 2,1 процент - се посочува во соопштението објавено на веб страната на ДЗС. 

Инаку во јуни годинава просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 68.340 денари. 

Слично

Поврзани вести