ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА НАДМИНА 42 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - еве кои сектори имаат најголем раст
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври годинава, изнесувала 42.134 денари, и во однос на октомври лани е повисока за 8,5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2024 година, изнесуваше 41.585 денари.
- Ваквиот раст се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација со 11,5 отсто, Информации и комуникации со 10,7 проценти и Образование со 10,6 отсто.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот со 7,5 проценти, Образование 5 отсто и Градежништво 3,1 проценти - се наведува во соопштението на ДЗС.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври 2024 година, изнесувала 63.392 денари.
Фото: Фактор
