Економија, финансии, бизнис

Контакт

Просечната нето-плата зголемена за 7,1 отсто

Просечната нето-плата зголемена за 7,1 отсто

Просечната месечна исплатена нето-плата по  вработен, во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година, е зголемена за 7,1 отсто и изнесува 24.509 денари, што е раст за 1,4% во споредба со еден месец претходно (април).

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен  во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (23.1 %), Финансиски дејности и дејности на  осигурување (17.4 %) и Информации и комуникации (15.3 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано  во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (19.2 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со 
храна (13.9 %) и Преработувачка индустрија (3.1 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во мај 2018 изнесува 35 983 денари.

Слично

Поврзани вести