Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОСЕЧНА ПЛАТА ВО СРБИЈА: Веќе се искачи над 510 евра?

ПРОСЕЧНА ПЛАТА ВО СРБИЈА: Веќе се искачи над 510 евра?

За прв пат просечната плата во Србија надминала 510 евра. 

Просечната бруто плата за јули 2020 година во Србија изнесувала 83.016 динари (705,92 евра), додека просечната нето плата била 60.029 динари (510,23 евра), дознава неофицијално B92.

Растот на бруто-платата во периодот јануари-јули 2020 година, во споредба со истиот период  лани е  9,5  отсто номинално, и 7,9  отсто реално.

Нето-платите номинално пораснаа за 9,3  отсто и реално за 7,7 отсто.

Во споредба со истиот месец лани,  просечната бруто плата за јули 2020 година е номинално поголема за 9,2  отсто, а реално за 7,1 отсто, додека просечната нето плата е номинално поголема за 9,1 отсто, односно реално за 7 отсто.

За споредба, според податоците на Државниот завод за статистика, кај нас просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во  јули 2020 година изнесува 27.231 денари.

Во регионот, Хрватите, Словенците и Црногорците имаат повисоки плати од оние во Србија и Македонија. 

Слично

Поврзани вести