Економија, финансии, бизнис

Контакт

Проработе капелата во Тетово по пет години откако е изградена

Проработе капелата во Тетово по пет години откако е изградена

Капелата на Градските православни гробишта во Тетово е пуштена во употреба по пет години откако беше изградена.

На 31 март на седница на Советот на Општина Тетово беше усвоен ценовникот за користење на новоизградената капела за православните гробишта, со што, според советниците, беа создадени сите услови овој објект да почне да функционира.

Од Одделението за православни гробишта при ЈКП Тетово кое управува со капелата, за „Слободен печат“, велат дека се исполнети условите за преземање и третман на починатите лица

Капелата започна да се гради во 2015 година. Објектот беше завршен во 2018, но речиси 5 години подоцна се пушти во употреба.

Пред две години беше објавено дека комората – ладилник каде треба да се чуваат телата на починатите граѓани е премала за да се примат телата на покојниците.

Слично

Поврзани вести