Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пропадна обидот да се обезбедат снимки од бегството на Груевски

Пропадна обидот да се обезбедат снимки од бегството на Груевски

Државниот обвинител Љубомир Јовески денеска изјави дека пропаднал обидот на ОЈО и на МВР да обезбедат снимки од бегството на Никола Груевски низ Албанија на патот кон Унгарија, каде што поранешниот премиер доби азил и ја избегна затворската казна.

Оправдувањето е дека системот од безбедносните камери од граничните премини на албанска страна биле автоматски избришани поради немање место. 

 - Има неколку образложенија од албанската страна, но основно е дека имало голем број снимени материјали на камерите и дека тој нивни систем не можел подолго да ги чува - рече Јовевски.

Со барање на меѓународна помош, македонските органи за гонење требаше да дојдат до заклучок како успеал Груевски да побегне, пред изготвувањето на официјалниот извештај.


Слично

Поврзани вести