Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОПАДНА НАБАВКАТА НА РЕСПИРАТОРИ - Филипче уверува, ги имаме доволно

ПРОПАДНА НАБАВКАТА НА РЕСПИРАТОРИ - Филипче уверува, ги имаме доволно

Очекувано, бројката на новозаболени е во пораст. Сите досега дијагностицирани пациенти се во корелација, односно веќе биле во контакт со заразени, информираше на денешната пресконференција министерот Венко Филипче.

Од денеска за новозаболените ќе се информира еднаш во текот на денот, во 12 часот, за изминатото деноноќие. 
Ќе има целосна информација збирно од сите места каде се врши дијагностика.

Девет нови случаи се регистрирани, сега се 85 лица, регистрирани во шест градови. 

Најтешката пациентка на респираторна машина е во непроменета состјба во однос на вчера.

И други тројца пациенти се со потешка форма на пневмонија, а другите се со полесна клиничка слика.

Пациентите на домашно лекување се во секојдневна комуникација со инфектолозите, нивната клиничка слика е сосем лесна, и може лекувањето да се спроведе во домашни услови.

Стабилна и лесна клиничка слика имаат и пациентите кои се лекуваат во Дебар. Од вчера таму има и педијатар.

Здравствените работници се целосно мобилизирани, во секој здравствен центар е направен систем на ротација, се третираат само итните и малигните случаи. 

Од денеска е во функција кол центарот во здравствениот дом во Скопје со цел да се зголеми капацитетот на телефонските линии, а од понеделник ќе функционираат и двата пункта за земање брисеви во поликлиниките во Чаир и Јане Сандански.

Матичните лекари ќе бидат вклучени во системот на закажување на мој термин, а после и јавување на нивните пациенти. Значи, од понеделник, освен на телефоните, пациентите ќе можат да се јавуваат и преку матичните лекари да закажат тестирање доколку имаат индикации.

Денеска заврши јавната набавка за респиратори, и иако успеавме да обезбедиме релативно добра цена од 16 илјади евра по парче, ниту еден оператор не можел да го обезбеди критериумот за итна набавка, затоа постапката ќе се поништи и МЗ ќе даде предлог да ја спроведе Владата.

„Но, и сега состојбата со респираторите е добра, имаме 120 машини на располагање, капациетите се спремни. Светските искуства покажуваат дека на 5 отсто од пациентите им е потребен респиратор“, рече Филипче.

Разговаравме со Комисијата за дополнителни мерки, бидејќи и покрај апелите уште има собирања во поголеми групи. Владата нив ќе ги разгледува на претстојната денешна седница, по што ќе ја информира јавноста.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести