Пропадна и третиот обид за старт на судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово
Како неуспешен се покажа и третиот обид за почеток на судењето за пожарот во тетовската модуларна болница.
Во Основниот суд во Тетово и денеска недостигаше адвокат за обвинетите за пожарот на 8 септември 2021 година, во кој 14 луѓе ги загубија животите, а десетина беа повредени.
Судијата Јордан Велковски го одложи судењето за 7 декември откако еден од обвинетите повторно немаше бранител.
Освен тоа, другите адвокати побараа препис од доказните материјали. Претходните судски рочишта што беа одложени беа предвидени да се одржат на 6 септември, па на 14 октомври, кога двајца од обвинетите немаа адвокати.
Инаку обвинети се директорите на тетовската болница Фљорин Бесими и Артан Етеми, како и докторот Бобан Вучески, одговорен за модуларниот ковид-центар.
