Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОПАДНА И ДЕНЕШНОТО РОЧИШТЕ: Грујевски и Бошковски остануваат во атинскиот затвор до 2 март

ПРОПАДНА И ДЕНЕШНОТО РОЧИШТЕ: Грујевски и Бошковски остануваат во атинскиот затвор до 2 март

Неприфаќањето на бугарски превод го одложи денешното рочиште на бегалците  екс тајни агенти во УБК Горан Грујевски и Никола Бошковски.

Како што јавува дописникот на МИА од Атина следното рочиште е закажано за 2 март.

Инаку денеска требаше да се разгледа жалбата на одлуката за екстрадиција на Судот во Солун, но иако се обидоа да избегаат со бугарски пасоши со Грција, двајцата поранешни разузнавачи и нивната одбрана не прифатиле преведувач на бугарски јазик.

Одлуката е од грчките судови е донесена но кочница е тоа што не можеше да се најде преведувач од грчки на македонски јазик.

Грујевски и Бошковски во рацете на грчката полиција паднаа на 18 октомври кога се обидоа да заминат со авион за Будимпешта но со лажни бугарски пасоши.

И двајцата се гонат од СЈО за предметот „Тврдина и Таргет“.

Слично

Поврзани вести