Пронајдено женско тело во река во ресенско село
Според информациите од полицијата вчера околу 7:30 часот, случаен минувач забележал труп во водите на реката во село Лева Река-Ресен.
Увид на лице место извршил ЈО и увидната екипа на ПС-Ресен, телото било извадено од водата и по идентификацијата било утврдено дека станува збор за Б. Ј. (64) од селото.
64 годишната Б.Ј. завчера била пријавена за исчезната. Смртта ја констатирал доктор од Итна медицинска помош од болницата во Ресен, а по наредба на ЈО телото на починатата е предадено за обдукција, соопшти МВР.
Слично
