Пронајдено телото на исчезнато лице во Дојранско Езеро
Според соопштението на МВР, во 11:20 часот во Полициското одделение Нов Дојран, Г.С. (47) пријавил дека во водите на Дојранското Езеро, на место викано „Мрдаја“ пронашол починато машко лице.
Станува збор за машко лице, кое било пријавено за исчезнато .
М.С. (33) од Гевгелија извршила препознавање и потврдила дека починатото лице е нејзиниот татко Ѓ.А. (63) од Нов Дојран, кој на 15.12.2017 година бил пријавен за исчезнат.
„Телото било извадено од езерото, а увид на местото извршила екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија. М.С. (33) од Гевгелија извршила препознавање и потврдила дека починатото лице е нејзиниот татко Ѓ.А. (63) од Нов Дојран, кој на 15.12.2017 година бил пријавен за исчезнат“, наведуваат од МВР.
По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
