ПРОНАЈДЕНО ТЕЛО НА 60 ГОДИШЕН МАЖ ВО ОКОЛИНАТА НА БОГОМИЛА, обвинителство го испитува настанот
Пронајдено е тело на починат маж на возраст од 60 година на спореден пат во околината на селото Богомила.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес изврши увид на местото каде е пронајдено телото на починатото машко лице.
- Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот 60-годишен маж со цел да се утврдат причините за смртта. По насоки на јавниот обвинител, подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а се преземаат и други дејствија за целосно испитување на настанот, по што ќе биде донесена одлука за натамошниот тек на постапката - се наведува во соопштението на ОЈО.
Слично
