Пронајдено мртво девојчето кое падна во Вардар
Жители на гостиварското село Балиндол пронашле тело во водите на реката Вардар за кое се претпоставува дека е на младо девојче кое вечерва паднало во реката бегајќи од кучиња скитници. Гостивар прес објави дека телото било извадено околу 22 часот и во моментот кога е најдено девојчето не давало знаци на живот.
Претходно истиот медиум објави дека гостиварската полиција и Дирекцијата за спасување веќе три часа трагаат по девојче кое паднало во водите на реката Вардар во близината на болницата во Гостивар, откако ја нападнала глутница кучиња
Полицијата постапила по дојава на граѓани кои пријавиле дека околу 19:15 часот девојчето паднало во реката.
Извор Гостивар прес
Слично
