Пронајдено е телото на девојчето кое исчезна во водите на Вардар кај Уланци
Пронајдено e телото на 16-годишното девојче во Вардар.
По шест дена потрага, денеска околу пладне во водите на Вардар е пронајдено телото на 16 годишната Теодора Б.
Од полицијата потврдуваат дека околу 12:10 часот во Вардар во близина на Старо Градско пронајдено е телото на малолетничката.
„Пронајдено е телото на 16-годишното девојче кое на 24 јули 2025 година, исчезна во реката Вардар во атар на село во општина Градско. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција“, потврдуваат од МВР.
Другата девојка која беше со неа беше спасена. Тие потонаа во реката Вардар кај селото Уланци.
Слично
