Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пронајдено е безживотното тело на жител на Теново по кого се трагаше

Пронајдено е безживотното тело на жител на Теново по кого се трагаше

Најдено е безживотното тело на 52 годишен човек по кого се трагаше изминативе недели.

По речиси три седмици потрага денеска е најдено безживотното тело на Иса Рушити од село Теново, Општина Брвеница. По него се водеше потрага од 6 август, откако ноќта помеѓу 4 и 5 август излегол од дома и оттогаш не се вратил во Теново.

„Денеска 22 август во 15 часот во СВР Тетово пријавено е дека во водите на реката Вардар, во близина на месноста Бриони и старото фудбалско игралиште, закачено на дрво, било пронајдено безживотното тело на И.Р.(52) од тетовско Теново. Екипи од тетовската Територијална противпожарна единица и СВР Тетово попладнево го извлекле телото на брегот. Увидна екипа на СВР Тетово во координација со Јавен обвинител извршиле увид, а ќе се врши и обдукција“, информираат од СВР Тетово. 

Во потрагата учествуваа Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, полицијата, Општина Брвеница како и граѓани.

фото МИА

Слично

Поврзани вести