Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пронајдени три деца онесвестени на улица во Куманово

Пронајдени три деца онесвестени на улица во Куманово

Три малолетни деца биле пронајдени онесвестени на улицата „Професор Мијалковиќ“ во Куманово.

Станува збор за 15-годишно девојче и нејзините двајца браќа, на возраст од 12 и 9 години.

Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен вчера околу 10:40 часот. Првичните сознанија укажуваат дека децата најверојатно се затруле од вдишување лепак.

Тие веднаш биле пренесени во Општата болница во Куманово, каде што им била укажана лекарска помош.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Слично

Поврзани вести