Пронајдени мигранти во возило со лажни регистерски таблички кај Демир Капија, возачот избегал
Триесет и осум мигранти биле пронајдени вчера на регионалниот пат Гевгелија-Скопје, во товарно моторно возило „форд транзит“ во близина на базата на „Актор“ пред тунелите кај Демир Капија.
Триесет и пет од нив се од Пакистан, а тројца се од Индија.
Откако полициските службеници го забележале товарното возило со велешки регистарски таблички во близина на месноста Арсови лаки и дале знак за запирање, возачат не запрел туку продолжил да се движи кон тунелите кај Демир Капија. Полициската патрола поради сомневање се упатила по возилото и по извесно време возилото е пронајдено, оставено и без возач, со мигрантите сместени во товарниот дел од комбето.
Се работи на целосно расчистување на случајот и откривање на инволвираните лица.
