ПРОНАЈДЕНИ МАРИХУАНА И КЕШ КАЈ 37-ГОДИШЕН ТЕТОВЕЦ: Истрага против дилер на марихуана во Тетово
Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело- Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
-При претрес во домот на осомничениот, во рамките на оперативна полициска акција, пронајдени се 126,95 грама марихуана во поделена во 85 зипер ќесички подготвени и наменети за натамошна недозволена продажба. Исто така, од осомничениот 37- годишен тетовец се одземени и парични средства во вкупен износ од 71.700 денари за кои постои сомнение дека потекнуваат од илегална продажба на дрога. Бидејќи постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и ризик дека осомничениот би можел да го повторува делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, се наведува во соопштението на ОЈО Тетово.
