Пронајдена почината жена во езерцето во Градскиот парк во Струмица
Синоќа во 01:45 часот било пријавено дека е пронајдена почината жена во езерцето во Градскиот парк во Струмица.
Веста ја потврдија од Регионалниот центар за управување со кризи во Струмица. Според пријавеното, на местото излегол јавен обвинител и полициски службеници, а телото на починатата било предадено на судска медицина.
Од полицијата повеќе детали за овој трагичен настан најавија дека ќе споделат во текот на денот.
Слично
