ПРОНАЈДЕН ВОЗАЧОТ КОЈ ПОВРЕДИ ДВЕ ДЕВОЈКИ И ИЗБЕГА ОД МЕСТОТО НА НЕСРЕЌАТА: возилото му е одземено, ќе следува пријава
Полицијата го пронајде возачот кој вчера направи сообраќајка во скопската населба Радишани и повреди две лица, а веднаш по несреќата избега од местото.
- Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го пронајдоа возилото и лицето поврзани со сообраќајната несреќа што се случи на 15.05.2026 на ул. „Радишанска“ во Скопје, во која две лица (пешаци) се здобија со повредени, а возачот го напушти местото на настанот.
Возилото „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки и возачот И.П.(50) биле пронајдени на ул. „Мак Диздар“ во Скопје.
Со возачот е обавен службен разговор и за настанот известен е дежурен јавен обвинител од ОЈО Скопје, по чии насоки возилото е привремено одземено, а по целосно документирање на предметот ќе биде поднесен соодветен поднесок - се посочува во објавата.
МВР вчера објави дека во несреќата биле повредени 31-годишната С.М. и 27-годишната М.Ш., двете од Скопје, а возачот го избегал од местото на настанот.
Во полицискиот билтен беше посочено дека М.Ш. се здобила со тешки телесни повреди, додека С.М. со телесни повреди констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Слично
