Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ, ВЕТЕР, НОВИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД И СНЕГ, еве ги деталите за следниве денови

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ, ВЕТЕР, НОВИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД И СНЕГ, еве ги деталите за следниве денови

Продолжува променливото и постудено време во Македонија, како што доликува за овој период од годината. Денес и утре сеуште ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините над 1500 м.н.в и тоа особено во западните предели ќе има повремени врнежи од снег, објави метеорологот Славчо Поповски.

Тој посочува дека на крајот на неделава, поточно во петок ќе има краткотрајно стабилизирање на времето, додека за време на викендот ќе има нови врнежи од дожд, а на планините над 1200 м.н.в ќе има врнежи од снег. Снежната граница и тоа особено во северните претели можно е да се спушти дури до околу па и под 1000 м.н.в.

Поповски предупредува дека се очекува во четврток да дува дува умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. 

- Наутро температурите понатаму на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 5 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени, а за време на викендот максималните температури ќе бидат уште пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 12 степени.

Во Скопскиот регион продолжува периодот на многу променливо време. Во четврток ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Ќе има услови и за повремен дожд со послаб интензитет. Температурите понатаму ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 10 и 11 степени. Наутро пак истите ќе бидат пониски и ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 4 степени.

Слично

Поврзани вести