ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ - и денеска се очекуваат врнежи од снег
Денеска не очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за провејување на слаб снег, објави Управата за хидрометеоролошки работи.
Од УХМР најавуваат и умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе се засилува.
Во Скопје, исто така се очекува променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
Најниската утринска температура се очекува да биде на Маврово и да падне три степени под нулата, додека во текот на денот температурите ќе се зголемат, и вообичаено најтопло ќе биде во Гевгелија со максимални 12 степени.
За време на викендот ќе дува засилен ветер од северен правец, а утре ќе има услови за провејување на слаб снег. Од недела следува период на стабилно време со високи дневни температури.
Слично
