ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО СО ПОВРЕМЕНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД - температурите ќе бидат попријатни, еве каде ќе биде најладно
Денеска не очекува повторно променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет.
Синоптичарите најавуваат дека ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Утринските температури ќе се движат од 4 до 10 степени, додека максималните дневни температури се очекува да достигнат од 10 до 19 степени.
Најстудено ќе биде во западна Македонија, поточно на планинските делови, додека најтопло во јужните градови како Дојран и Гевгелија.
Во Скопје исто така се очекува променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во главниот град температурите наутро ќе паднат на 10 степени, додека максималните ќе достигнат до 16 степени.
За следните денови од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат слично време, но со повисоки температури.

