ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, СО ИНТЕНЗИВНИ ДОЖДОВИ ВО ВЕЧЕРНИТЕ ЧАСОВИ - еве какво ќе биде времето со почетокот на работната недела
Денеска не очекува променливо време, но и опасност од обилни дождови, велат синоптичарите.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, во претпладневните часови ќе биде облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Во попладневните часови се очекува да се зголеми нестабилноста, особено во текот на ноќта за кога синоптичарите најавуваат нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во источните делови од земјата.
Во Скопје, претпладне умерено облачно, попладне, а особено во текот на ноќта ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме.
Променливо облачно време ќе се задржи и во понеделник, а потоа ќе следува постепена стабилизација на времето.

