Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОМЕНИ ВО ВМРО ДПМНЕ: Извршниот одбор е демолиран, но дали реформите се во вистинска насока?!

ПРОМЕНИ ВО ВМРО ДПМНЕ: Извршниот одбор е демолиран, но дали реформите се во вистинска насока?!

Големи промени во ИО одбор на ВМРО ДПМНЕ. Што и дали ќе донесат? Дали ова се реформите што ги бара членството. Првичната слика за реформите покажува дека контролата во партијата повторно ќе ја има Никола Груевски сметаат познавачите. Негов близок човек доаѓа на местото генсек, Христијан Мицковски. Тој важи за еден од најлојалните луѓе на Груевски, всушност дојде на местото во ЕЛЕМ од советничко место во премиерскиот кабинет.

Други освежувања има, пред се во насока на зацврснување на тврдото крило на партијата. Влегувањето на Бетмен Велит е едно од тие решенија. 

Во насока на освежување може да се смета името на екс кошаркарот Дејан Јовановски.

Ова се новите луѓе.
- Проф. Драги Димитровски, Земј.факултет
- Д-р Игор Николов , нефрологија
- Проф. Христијан Мицкоски, ген.секретар
- Зеќир Рамчиловиќ, пратеник
- Александар Николоски, меѓ.соработка
- Џери Наумов, странски инвестиции
- Златко Перински, м-р човечки ресурси 
- Никола Србов, м-р историчар
- Славе Трпески, катастар
- Ане Лашкоска, пратеник
- Сеад Солаковски, лекар од Лабуништа
- Марио Цветковски, Куманово 
- Дијана Транталовска, ветеран 
- Богдан Илиевски Бетмен, граѓ.активист
- Светлана Колариќ, К. Вода
- Александар Георгиев, портпарол
- Дејан Јовановски, спортист/ кошаркар
- Анета Стојановска Стефанова 
- Армен Незири, Дебар

Во ИО остануваат Илија Димовски, Антонио Милошоски, Зоран Ставрески, Влатко Ѓорчев, Коце Трајановски, Никола Попоски, Никола Тодоров, Даниела Рангелова, Владимир Нелоски, Нермин Теловска, Зоран Савевски. Од Извршниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ, си заминуваат Миле Јанакиески, Мартин Протуѓер, Владимир Пешевски, Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков кој веќе најави дека се повлекува од сите функции во партијата. Во ИК нема да биде ниту Кирил Миновски, екс министерот за финансии. 

Првичните проценки се дека новиот ИО тешко може да донесе позначајни проветрувања, а повеќе личи на обид за задоволување на внатрешната потреба пред членството да се покаже насока на реформи. Ги нема најголем дел од луѓето опфатени со истрагите на СЈО, освен Груевски и Димовски, но се чини дека преовладуваат профили на луѓе што се блиски до актуелниот врв. Сепак, времето ќе покаже дали најавените реформи ќе одат во рикверц, или ова е вовед во позначајна промена што би се случила по локалните избори.

Р.Ф.
Слично

Поврзани вести