ПРОМЕНИ ВО СОПСТВЕНИЧКАТА СТРУКТУРА НА ИЛИРИКА ИНВЕСТМЕНТС - еве која компанија е нов доминантен сопственик
Компанијата Илирка холдинг д.о.о. Љубљана, Словенија станува доминантен сопственик на Илирика инвестментс АД Скопје, објави компанијата на Македонска берза.
- Врз основа на член 166-б став 1 од Законот за хартии од вредност, ги објавуваме следните промени во акционерската структура на брокерската куќа Илирика инвестментс АД Скопје:
Врз основа на Решение донесено од страна на Комисијата за хартии од вредност на РС Македонија број УП1 08-104 од 26.01.2026 година, со кое се даде согласност друштвото Илирика холдинг д.о.о. Љубљана, Словенија да се стекне со квалификувано учество во брокерската куќа Илирика Инвестментс АД Скопје во вкупен кумулативен износ од над 50 %, како и согласно делбениот биланс на Илирика д.д. Љубљана Словенија, на 30.01.2026 година извршен е нетрговски пренос на 1.525 обични акции или 61% од постоечкиот сопственик Илирика д.д. Љубљана Словенија на Илирка холдинг д.о.о. Љубљана, Словенија.
Со овој пренос на акции Илирка холдинг д.о.о. Љубљана, Словенија станува доминантен сопственик со 61% во основната главнина на Илирика инвестментс АД Скопје, а досегашниот акционер Илрика д.д. Љубљана Словенија повеќе не поседува акции - се посочува во објавата на Македонска Берза.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
