Економија, финансии, бизнис

Контакт

Промени во системот Мој Термин

Промени во системот Мој Термин

При денешната посета на Детската клиника, министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека некои промени се веќе изработени и се имплементираат во Национален систем за електронски евиденции во здравството Мој Термин.

Станува збор за моделот за финансиско и материјално работење кој се имплементира во сите јавни здравствени институции со цел во секој момент да знаат со што тие располагаат од лекови и материјали, за да не дозволат да има дефицит на едно место, а на друго едноставно поголема количина, а тие воопшто немаат увид.

Министерот истакна дека системот се надградува и со формирање модули во кои се ставаат посебните центри кои го чуваат инсулинот за да имаат електронски увид, а се изработуваат и електронските регистри на пациентите со ретки болести, но и на пациентите со хронични болести.

„Очекуваме дека во следниот период, се надевам дека до крајот на годинава ќе имаме еден електронски систем кој ќе ги интегрира сите јавни здравствени институции, а ние како Министерство за здравство ќе имаме увид во секој момент со што тие институции располагаат. На тој начин, значително го намалуваме ризикот да дојде до дефицит на каков било материјал или лек во која било болница во државата“, додаде Филипче

Слично

Поврзани вести