Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОМЕНИ ВО ОРГАНИТЕ НА УПРАВУВАЊЕ НА НЛБ БАНКА - Наташа Пукл на местото на Матеја Тревен во Надзорниот одбор

ПРОМЕНИ ВО ОРГАНИТЕ НА УПРАВУВАЊЕ НА НЛБ БАНКА - Наташа Пукл на местото на Матеја Тревен во Надзорниот одбор

Се случиле промени во органите на управување на НЛБ Банка, а за тоа банката извести преку Македонската берза. 

„Ве известуваме дека на ден 28.05.2024 година од страна на Народната Банка на Република Северна Македонија е издадено Решение со кое се издава претходна согласност г-ѓа Наташа Пукл да биде именувана за независен член на Надзорниот Одбор на НЛБ Банка АД Скопје со мандат од 4 години, почнувајќи од 29.05.2024 година.

Дополнително, Ве известуваме дека поради истек на мандат на ден 28.05.2024 година согласно издадено Решение за претходна согласност од НБРСМ од 16.10.2020 година, бр. 15-13512/8, Г-ѓа Матеја Тревен престанува да ја врши функцијата на независен член на Надзорниот Одбор на НЛБ Банка АД Скопје“, се вели во известувањето од НЛБ Банка. 

Слично

Поврзани вести