Економија, финансии, бизнис

Контакт

Промени ќе претрпат 24 учебници од средно и основно образование

Промени ќе претрпат 24 учебници од средно и основно образование

Во дваесет и два учебници кои се користат во основното образование и два учебника од средно образование ќе има исправки или дополнувања на содржината, според укажаните грешки од наставниците до Педагошката служба, објави „Независен“.

„Во процедура на изработка се неколку нови учебници, како и нови наставни програми по кои ќе треба да се изработат учебниците за тие предмети. Тука треба да имаме во предвид дека во образованието секогаш има потреба за промена по насоки, наставни програми и учебници со цел подобрување на квалитетот. На пример, за стручното образование ова година имавме оглас за околу 30 нови учебници. Во процедура се исто така околу 15 други учебници од кои повеќето за предмети по странски јазици во основното и средното образование“, објаснуваат од Министерството за образование.

Со години во наставата се провлекуваат учебници со грешки. Во дел има технички пропусти, несоодветен превод, неточни податоци кои се однесуваат за историја на етникуми, ама и географски недоследности.



Слично

Поврзани вести