Економија, финансии, бизнис

Контакт

Промената на граници на Балканот ќе ја разниша и Македонија?

Промената на граници на Балканот ќе ја разниша и Македонија?

Aмериканскиот професор Едвард Џозеф вели дека планот за размена на територии меѓу Србија и Косово е опасен за регионот. 

Според него, промената на границите би била погубна за БиХ, Македонија и Србите јужно од Ибар.

САД наивно веруваат дека со промената на границите на Србија и Косово конечно ќе се реши проблемот, потсетувајќи  притоа на неодамнешната изјава на советникот на американскиот претседател, Доналд Трамп,  Џон Болтон како охрабрување токму на промената на границите во регионот.

Изјавата на советникот за национална безбедност на американскиот претседател Трамп дека Вашингтон ќе прифати промена на територии ако за тоа се договорат двете страни одекна како бомба во Белград и Приштина.

Опозицијата во двете земји сериозно се спротивставува на намерата на Вучиќ и Тачи да дојдат до таков договор.

И Џозеф е на став дека изјавата на  Болтон не е од оние пробни балони туку има и сериозна тежина.

Според него ова е најважна изјава на еден американски функционер за овој регион од 1991 година наваму, кога тогашниот американски државен секретар Џејмс Бејкер изјави  дека не е нивни проблем тоа што Југославија се распаѓа, но оценува дека е наивна и кусогледа изјава, која не ги зема предвид последиците од таквото решение. 

Еврокомесарот Јоханес Хан деновиве за Еуроактив изјави дека Брисел би требало да го прифати договорот меѓу Србите и Албанците со кој би се решил долгогодишниот проблем со Косово.

Хан рече дека се работи за билатерално решение што не може да се користи како пример за други прашања.

Слично

Поврзани вести