Промена во протоколот за градинките: Во групите до 2 години може да бидат згрижени до 12 деца
Владата направи одредени измени во протоколот кој се однесува на згрижување на децата во градинките.
Сега е предвидено во групите од 0 до 2 години, наместо по шест деца, да бидат згрижени по 12 дечиња и за нив да се грижат по две негувателки во смена.
-На веб страницата на Владата, како Прилог бр. 9, е објавен и Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по укинување на вонредната состојба, вклучително и измените според кои е предвидено воспитните групи за деца до 2 годишна возраст да имаат максимум по 12 деца (наместо досегашните 6) и двајца вработени во смена, се наведува во соопштението од Владата.
Останатите протоколи остануваат исти.
Инаку денеска, средба остварија министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и министерот за здравство, Венко Филипче, со мајките чии деца се до 6 годинби, а кои бараат продолжување на отсуството од работа, при што им беше ветено дека ќе се најде решение, а истовремено властите ги уверија дека најмладите најмалку се подложни на инфекцијата со корона вирусот и дека може слободно да одат во градинка.
