Економија, финансии, бизнис

Контакт

Промена на времето во текот на денот

Промена на времето во текот на денот

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност, повремено облачноста ќе се зголемува и ќе има локална појава на дожд и грмежи. 

Утринската температура ќе се движи од 15 до 22, а дневната температура од 30 до 37 Целзиусови степени. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер.

Во Скопје ќе имаме слично време, утринската температура ќе достигне до 21, а дневната до 34 Целзиусови степени.

Во четврток врнежи ќе има на повеќе места, а локално ќе бидат пообилни и проследени со ретки грмежи. Дневната температура во следните два дена ќе бележи постепено опаѓање, а позначителен пад ќе има во четврток, кога ќе биде и најсвежо. 

Слично

Поврзани вести