ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Подгответе се за дождливи денови
Времето денеска во Македонија ќе биде облачно со температура до 20 степени.
Ноќеска и изутринава времето беше променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во текот на денот ќе биде умерено до значително облачно, по одделни котлини со слаба магла. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Дневната температура ќе се движи од 14 до 20 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб југоисточен ветер. Температурата ќе достигне 16 степени.
Максималната температура во Гевгелија ќе достигне до 20 степени, во Штип – 18, Битола – 16, Охрид – 14. Слично време со максимална температура до 20 степени се очекува и утре.
Од понеделник до среда, пак, се очекуа променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. В понеделник максималната температура треба да достигне до 20, во вторник до 19, а в среда до 18 степени.
