Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ПО 10-ТИ СЕПТЕМВРИ: Славчо Попоски најавува обилни дождови, ни доаѓа циклон од Италија

ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ПО 10-ТИ СЕПТЕМВРИ: Славчо Попоски најавува обилни дождови, ни доаѓа циклон од Италија

Поголема промена на времето во Македонија и околината би можела да настане од 10 септември, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

Тој вели дека раните прогнози упатуваат на силен циклон кој би започнал во Италија и би условив пообилни врнежи со дожд и во Македонија. 

- Од она што може моментално да се види на прогностичките карти и од првичната анализа која ја направив со помош на најажурниот прогностички модел, Европскиот центар за Среднорочна прогноза (ECMWF), првиот силен циклон кој би се развил некаде над Италија и кај нас би условил обилни врнежи од дожд доаѓа по 10-ти септември - пишува Попоски на неговата „Метеоаларм“.

Според него, токму оваа промена на времето, би донела  и прв озбилен пад на температурите.

- Во ваква ситуација во Алпскиот регион би се појавиле  и првите озбилни врнежи од снег.

Состојбата околу ова постојано ќе ја следам, и секако навремено ќе бидете информирани за секоја ново – настаната временска состојба - нагласува Попоски. 

Слично

Поврзани вести