ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Oва е прогнозата за наредните денови
Претпладне ќе имаме претежно сончево време, попладнево со умерена ,додека во западните делови и со значителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од јужен правец.
До крајот на денот облачноста ќе се зголемува, а во крајните западни делови ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Во текот на ноќта ќе биде облачно, на запад со врнежи од дожд и грмежи.
Утре се очекува променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец. Пообилни врнежи ќе има во раните утрински часови и во претпладневните часови во западните делови. Попладне врнежите ќе ги има повеќе на истокот, ќе бидат полокализирани, но со услови да бидат проследени со поинтензивни процеси.
Во недела и понеделник ќе биде претежно сончево и топло, на повеќе места ќе има натпросечни дневни температури на воздухот (максималната температура ќе достигнува од 30 до 35 степени).
