ПРОМЕНА: Еве какво време ќе имаме за викендот
Во северните делови од Македонија денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во јужните променливо облачно, на места нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Поради спуштање на постудена воздушна маса, позначителна нестабилност се очекува во ноќта кон сабота.
Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 31, во Крива Паланка и Маврово 21, во Охрид 24, во Битола 26, во Кавадарци 30, во Берово 24, во Дојран 28 Целзиусови степени.
Времето утре ќе биде претежно облачно со засилен северен ветер и со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните делови и со дневни температури од 22 до 29 степени.
Во недела исто времето ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд и засилен северен ветер и пад на дневните температури од 18 до 27 степени. Од понеделник временските прилики ќе се подобруваат, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и дневни температури од 22 до 28 степени.
