Пролетта никако да дојде, денеска поладно
Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни претпладне во југозападните и јужните делови од земјава, соопштуваат од УХМР.
Во вечерните часови врнежите ќе престанат насекаде. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималните темеператури ќе бидат до 16, но минималните ќе се движат од 2 до 10 степени
Во недела времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец
Слично
