Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пролетно време и многу сонце

Пролетно време и многу сонце

По краткотрајната промена на времето и врнежите вчера, веќе во наредните два дена потоа односно денес и утре 6/7 март 2026 во Македонија повторно ќе имаме многу повеќе сонце и стабилно и суво пролетно време преку ден со максимални дневни температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени а во Скопје  и околината температурата ќе се искачи до околу 17 степени, објави метеорологот Славчо Попоски.

„Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец а во сабота на 7-ми март ветерот исто таќа ќе биде со слаб до умерен интензитет и претежно од југоисточен правец.

Сепак во утринските часови ќе биде релативно ладно со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени а во Скопје  и околината температурата ќе се спушта до близу 0 степени“, објави тој.

Слично

Поврзани вести