ПРОЛЕТНИОТ РАСПУСТ СЕ УКИНУВА: Утре почнува новата учебна година
Утре почнува новата учебна година.
Утре 245.000 основци и средношколци почнуваат со настава. Новата учебна година почнува со физичко присуство за сите освен за ученици од неколку училишта каде од претходно не биле обезбедени просторни услови. Едносменска настава се воведува во 140 училишта, а пролетниот распуст се укинува. Учебниците во основните училишта се веќе доставени и ќе има по сите предмети освен за странските јазици, за средношколците само за 15 предмети. Годинава бројот на првачиња е намален за 3.500.
Министерката за образование, Весна Јаневска информира дека се ангажирани 815 образовни асистенти, а обезбедиле средства и за дополнителни 200.
Слично
