ПРОЛЕТНИ СМЕНИ: Треба ли Заев да ја реконструира реформската влада?
Повеќе од очигледно кадарот на новата власт не се снаоѓа баш како што очекуваше јавноста. Реформи се случуваат, но засега не се толку видливи.
Премиерот убедува дека на пролет Владата ќе се соочи со освежување а причината била зголемување на парламентарното мнозинство.
„Ќе има реконструкција, затоа што пред се ќе расте бројот на пратеници во пратеничката група. Разговараме со дополнителни пратеници“, рече премиерот одговарајќи на новинарски прашања . Тој вели дека дека треба да се овозможи стабилизирање на парламентот, од повеќе аспекти. „Јас се надевам дека и опозицијата ќе се врати брзо во парламентот, но и вкупниот број на пратеници од парламентарното мнозинство би требало да биде посоодветен, за да може да нема вакви прекини на сендиците, паузи, собирање на пратениците или слично. Верувам дека ќе успееме со тоа, а поради тоа ќе се случи секако и реконструкција“ потенцира премиерот Заев. Засега е во тајност кои политички партии од опозицискиот болк би можеле да станат дел од парламентарното мнозинство, а се повеже се брифира дека мнозинството ќе ја прошири владината коалиција со вклучување на Беса и ДПА.
“Разговараме со сите политички партии кои би сакале да ги поддржат процесите кои што се отпочнати во државата, со една засилена тенденција, поради тоа што доаѓа пролет, а таа е многу важна и поради оперативните теренски активности, реализацијата на крупните капитални проекти во државата но и политичките аспекти како што е интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ“-кажа Заев.
Дали овие две партии би можеле да им се придружат на СДСМ и ДУИ во Парламентот и што ќе бараат за возврат останува да видиме.
